Profil - Group

Црвена вода 4/2
1000 Скопје
Македонија

Teл: +389 (2) 3 120 968
Моб: + 389 (71) 382 880

 

Црвена вода 4/2
1000 Скопје
Македонија

Teл: +389 (2) 3 120 968
Моб: + 389 (71) 382 880

 

Барање и селекција

Profil Group се занимава со барање и селекција на менаџери и стручни кадри.

За нас се најважни потребите на нашите клиенти и затоа им нудиме услуги од највисок квалитет. Свесни сме дека секоја промена или нов член во водечкиот или стручниот тим носи одреден степен на ризик. Нашата задача е за клиентот-нарачател овој ризик да го доведеме до најниско можно ниво.Затоа развивме структуриран пристап и постапки на барање и селекција кои имаат посебни предности.За ваша помош при одлуката за барање на кадри послужете се со следната табела.

  Важни се искуствата од областа на струката на клиентот Доволни се искуства од една област од струката на клиентот Не е важно од која струка доаѓа кандидатот
Можно е да постојат некои соодветно оспособени кандидати Директно барање Директно барање Барање и огласување
Високо квалификувани кандидати-проблем може да претставуваат посебните барања Директно барање Директно барање Огласување 
Високо квалификувани кандидати кои ќе бидат привлечени од работата и условите Барање и огласување во струката Огласување (во струката, општо или и двете) Огласување
Подготвено  по  Korn / Ferry.

Барање

Нашата работа започнува со состанок со членовите на водечкиот или стручниот тим на компанијата со цел да ја разбереме природата на дејноста со која се занимава нашиот потенцијален клиент:стратегијата, конкурентноста, развојните приоритети,културолошкото опкружување и секако темелен опис на посакуваниот кандидат.Врз основа на тие информации и објаснувања, ние ке можеме да му го претставиме клиентот на потенцијалниот кандидат.

Барањето на кадри вклучува:

Систематско пребарување на нашите извори и истражување на пазарот, што заедно го гарантира пронаоѓањето на соодветниот кандидат. Процесот на барање се заснова на активно барање меѓу релевантните компании. Препораките за одредени кандидати ги користиме само ако е тоа потребно.

Aнонимно огласување на Профиловата интернет страна (www.profil-group.com);

Користење на ексклузивната Профилова база на податоци, која ни овозможува пристап до информациите за експертите и успешните менаџери.

Нашите консултанти остваруваат контакти со поединечни кандидати и го утврдуваат нивниот интерес за понатамошна соработка.Тие разговори даваат корисни информации кои би можеле да му бидат од интерес на клиентот. Консултантот потоа ги интервјуира заинтересираните кандидати проверувајќи ја на тој начин нивната адекватност и компетентност за бараната позиција. На клиентот му помагаме во конечниот избор и мотивирањето на кандидатите и затоа е пожелно присуството на нашите консултанти при одржувањето на најважните интервјуа. Потоа се подготвува потесен избор на кандидати. Консултантот на клиентот му ги претставува избраните кандидати, приложувајќи притоа извештај за секој поединечен кандидат. Времето кое е потребно за барање зависи од тежината и сложеноста на задачата.

За Профил работата е успешно завршена единствено доколку предложениот кандидат се вработи и за определен временски период  ги постигне очекуваните резултати. Во извршувањето на нашата задача се водиме од претходно договорените услови и така придонесуваме за успешноста во работењето на клиентот. Нашите консултантски услуги мораат да ги задоволат како потребите на клиентот, така и потребите на нашите кандидати во смисла на гаранција на мотивите и предизвиците. Притоа од исклучителна важност е богатото искуство кое го градиме со години низ работата со нашите клиенти и континуираното следење на развојот на успешните менаџери и експерти. Искуството ни е навистина доволно богато за да можеме да даваме релевантни судови за успесите и неуспесите на менаџерите.

Нашиот успех се темели на стручно усовршени консултанти во областа на консалтингот. Различните професионални квалификации и занимања, долгогодишните искуства и континуираната соработка со големите компании и организации,гарантираат темелно познавање на работата. Побарајте го списокот на нашите референци.

Цена:

  • 25 % од платата во првата година

 

По потпишувањето на договорот се плака 1/3 од вредноста на договорот, а 1/3 по претставувањето на соодветните кандидати. Разликата (1/3) клиентот ја плаќа кога предложениот кандидат ќе ја прифати понудата и со клиентот- неговиот работодавец, ќе потпише договор за работен однос.Цената секогаш се одредува однапред.

Данокот на додадена вредност е вклучен во цената, таму каде што е тоа потребно.

Селекција

Селекцијата на кадри се темели на огласување во важните медиуми. Анонимното огласување на Профиловите интернет страни за клиентот е бесплатно.

Процесот на селекција се заснова на описот на работното место кој го направил клиентот. Во изработката на описот на работното место со свои совети можат да ви помогнат нашите консултанти. Врз основа на описот на работното место го водиме структурираното интервју и оцената на менаџерските знаења. Доколку е потребно, спроведуваме и психолошко тестирање и ги проверуваме референците.

По завршувањето на селекцијата консултантот му доставува на клиентот извештај во кој ги распределува кандидатите. Извештајот може да содржи и други важни податоци кои би можеле да му бидат од интерес на клиентот.


Цена:

  • 15 % од платата во првата година и трошоци за огласувањето

 

По потпишувањето на договорот се плаќа прв дел од износот во висина од 1/3 од договорената вредност и трошоците за огласување, 1/3  по претставувањето на соодветните кандидати и предавањето на извештајот за селекција, додека разликата (1/3) клиентот ја плаќа кога предложениот кандидат ќе ја прифати понудата и со клиентот- неговиот работодавец, ќе потпише договор за работен однос, односно кога ќе започне со работа. Цената секогаш се одредува однапред.

Данокот на додадена вредност е вклучен во цената, таму каде што е тоа потребно.

 

Повеќе
Барај по: интернет страна
  понуда на работни места
PMT - profil management tool