Црвена вода 4/2
1000 Скопје
Македонија
| Teл: | +389 (2) 3 120 968 |
| Teл: | +389 (2) 3 110 968 |
| Teл: | +389 (2) 520 55 39 |
| Факс: | + 389 (2) 3 110 968 |
| Моб | +389 (76) 523 441 |
Советување
Нашите консултантски активности во областа на менаџментот се темелат на меѓународното знаење и искуства. При консултациите се водиме од филозофијата на квалитетот, што на клиентот му гарантира дополнителна, нова вредност. Веќе долга низа на години го користиме моделот за осигурување на квалитетот EFQM. Често вршиме консултантски услуги на фирми кои ги користат стандардите ISO, QS, и VDA.
Модел на работна успешност EFQM 2000
Нудиме консултантски услуги скоро во сите области на менаџирање на човековите ресурси:
- Менаџмент на резултатите
- Оцена на работните резултати
- Системи на наградување на резултатите
- Развој на менаџерите
- Оцена на менаџерските знаења и тренинг на менаџерските вештини
- Мерење и промена на организационата клима и култура
- Индустриски односи
- Отпуштање
- Техники на управување:севкупен квалитет,менаџмент со помош на цели и сл.
Ги советуваме клиентите во организацискиот развој:
- Организација
- Опис на работните места
- Вреднување на работните места
- Изработка на основните дијаграми за текот на клучните процеси
- Воведување на стандарди Investitors in people ( Инвеститори во луѓе)
За нашите клиенти веќе долга низа години изработуваме различни видови на извештаи:
- Преглед на личните доходи
- Задоволство на вработените
- Задоволство на купувачите
Исто така, веке низа години во Словенија водиме benchmarking групи на индустриски претпријатија кои ги користат нашите извештаи за задоволството на вработените.Добро го познаваме стопанството и менаџерите во Словенија, а тоа ни овозможува да ги советуваме клиентите и при купувањето, здружувањето и барањето на партнер на основа на франшиза.
Нашите клиенти ги сметаме за наши партнери и затоа суштински дел на овој однос е соработката. Побарајте го списокот на нашите референци.
- бр. на работни места 7
- Фармација Стручен соработник Скопје, Р.Македонија
- Телекомуникации, Енергетика Sales and Customer Care Manager Скопје, Македонија
- Telecommunications Key Account Manager Albania, Tirana
- Производство и трговија со лепила и градежни материјали Претставник за Македонија Скопје, Македонија
- Трговија, продажба, ланец на маркети Раководители на трговски центри Софија, Бугарија